Top Sport

Судар на титаните во Лондон, Баерн го чека Бешикташ

Вечерва на програмата се нови две средби од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите во фудбал. Дуелот кој ќе го привлече вниманието ќе се одигра во Лондон, каде Челси ќе ја пречека Барселона, додека во вториот дуел минхенски Баерн за противник го има Бешикташ.

„Стенфорд Бриџ“ ќе биде арената на која ќе се сретнат фудбалските непријатели Челси и Барселона. Овие два тима во минатото одиграле неколку значајни натпревари, а поседбо се издвојува дуелот од мај 2009 година, кога Норвежанецот Том Хенинг Евребо брутално го оштети Челси со шт и овозможи на Барса да се пласира во наредната рунда.

Пред неколку дена Евребо во едно интервју признал дека тогаш направил неколку грешки со кои го оштетил Челси. Барселона на тој натпревар ја спаси Андрес Иниеста кој постигна гол за 1:1 во 93.минута.

Изјавата на поранешниот норвешки судија дополнително ги разгоре страстите, особено кај навивачите на Челси, кои и по една деценија не се помириле со тогашната елиминација.

Челси и Барселона ќе го одиграат 11.меѓусебен натпревар во последните 13 години. „Сините“ имаат четири победи, Барселона три, но Каталонците се поуспешни во натпреварите кои се играле во нокаут рундата, иако тимот од „Стенфорд Бриџ“ го доби полуфиналето во 2012 година, а подоцна и ја освои титулата.

„Јасно ни е дека Барселона е еден од најдобрите тимови во светот. Можам да кажам дека се и фаворити за титулата. Од друга страна ние треба да бидеме возбудени бидејќи добивме можност да играме значаен натпревар каде ќе можеме да покажеме до кое ниво сме стигнале. Ќе се обидеме да одиграме совршено. Имаат тие свои слбости во оигра без топка, тоа ќе треба да го искористиме“, рекол менаџерот на Челси, Антонио Конте.

Надеж за Челси може да биде и помалку неверојатниот податок дека Лионел Меси одиграл против „сините“ осум натпревари и не постигнал ниту еден гол.

Барселона сезонава нема пораз во Ла Лига, одлично игра во Лигата на шампионите, но на „Камп Ноу“ не се среќни што во оваа фаза за противник го добија лондонскиот тим.

„Би сакал Челси да завршеше на првото место во својата група, тогаш немаше да мораме да играме против нив. Тие се шампиони во Премиер лигата, многу се јаки. Англиските тимови оваа сезона играта во неверојатна форма, многу се подобри во однос на изминатите сезони“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

„Челси има препознатлив стил, никој не игра таков фудбал. Играта им се базира на физичката силна, а тактиката им е добра. Различно е да се игра против нив порад формацијата“, дополнил Валверде.

Двајцата тренери немаат речиси никакви проблеми пред дуелот, кај Челси под знак прашање е настапот на Давид Луиз, додека Неллсон Семедо поради жолти картони нема да биде во тимот на Барселона.

На „Алијанц арена“ во Минхен ќе се сретнат шампионите на Германија и Турција, Баерн и Бешикташ.

Овие тимови низ историјата во европските купови имаат одиграно два натпревари. Во сезоната 1997/98 Баерн двете средби потив Бешикташ ги добил со 2:0. Бешикташ сезонава испиша нови страници во клупскиот фудбал во Турција, откако стана првиот тим од оваа земја кој ја мина фазата по групи во Лигата на шампионите.

Баерн и на овој натпревар ќе биде без повреднеиот голман Мануел Ноер, додека Бешикташ е комплетен

Реванште Челси-Барселона и Баерн-Бешикташ ќе се одиграат на 14.март.

Scroll to Top