Кошаркарскиот клуб Олимпијакос планира да го регистрира резервниот тим за натпреварите во втората лига на Грција. Клубот се реши на ваков потег бидејќи од стана на Сојузот се исфрлени во понизок ранг, откако минатата сезона одбија да играат во плеј-офот против Панатинаикос.
Исто така грчките медиуми пипуваат дека тимот што ќе настапува во втората лига нема да се вика Олимпијакос туку ќе добие друго име.
Инаку најдобриот тим на Олимпијакос и понатаму ќе се натпреварува во Евролигата, бидејќи имаат А-лиценца.
Со ова завршија шпекулациите дека Олимпијакос би може да се натпреварува и во регионалната АБА-лига.