Европскиот вице-првак, Тотенхем, до крајот на неделата ќе претстави двајца нови играчи со кои ќе ј а засили конкуренцијата во тимот.
Според англиските медиуми претседателот Даниел леви ги договорил трансферите на Џовани Ло Селсо и Рајан Сесињон.
Ло Селсо е агрентински репрезентативец игра во Бетис, а неговото доаѓање во Лондон зависи од трансферот на Набил Фекир од Лион во Бетис. Исто така е јасно дека доаѓањето на ло Селсо значи дека Кристијан Ериксен ќе си оди од Тотенхем.
Сесињон е еден од најталентираните англиски фудбалери, кариерата ја започнал во Фулам, а се подготвува да замине откако клубот од „Крејвен Котиџ“ испадна од Премиер лигата.