Македонскиот репрезентативец и еден од најперспективните кошаркари во нашата држава, Андреј Маслинко (22 год, 208 см) и трета сезона по ред ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор.
Маслинко кариерата ја почна во Партизан Водно санс, од каде што уште на 16 годишна возраст се пресели во Италија каде што две сезони мина во дресот на Стела Азура, а една во екипата на Пафони Омења. Потоа следуваше враќање во Македонија и по едногодишен престој во Работнички преселба во таборот на МЗТ Скопје Аеродром каде што ќе остане уште најмалку една сезона.
Талентираниот кошаркар минатата сезона настапи на 16 средби во домашното првенство со просек од 10,2 поени и 4,9 скока, со напомена дека пропушти поголем дел од вториот дел од сезоната поради повреда.