Top Sport

Челси ја победија Барселона, Гризман дебитираше (Видео)

Фудбалерите на Челси ја совладаа Барселона 2-1 на Саитама стадионот во Јапонија. За Барселона на овој натпревар дебитираа Антоан Гризман за кого клубот плати 120 милиони евра и Френки Де Јонг чии трансфер изнесуваше 75 милиони евра.

Ернесто Валверде и Френк Лампард ги „измешаа“ составите за овој натпревар, иако впечатокот е дека Члеси имаа нешто посилен тим.

Барселона имаше контрола во играта во првите 20 минути, а потоа Челси одговорија со пресинг длабоко на половината на противникот. Еден таков пресинг им донесе предност на „сините“. Почетничка грешка направи Серхио Бускетс, а Абрахам во 34 минута го совлада Тер Штеген.

До крајот на првиот дел Челси пропуштија уште една добра шанса преку Пулишиќ.

Во вториот дел на двете страни шанса добија други фудбалери. Челси во 81 минута го решија победникот кога гол постигна Баркли.

Конечниот резултат во 91 минути со брилијантен гол го постави Ракитиќ.

Scroll to Top