Top Sport

Тод за состојбата на Шумахер: Не можеме да комуницираме како порано

Поранешниот шеф на Скудерија Ферари и голем пријател на Михаел Шунахер, Жам Тод, проговорил за здравствената состојба на легендарниот Формула 1 возач.

Шумахер се здобил со тешки повреди на главата на скијање во француските Алпи на 29 декември 2013 година и од тој момент речиси и да нема информации за неговата здравствена состојба. Семејството успешно ги крие сите информации од медиумите, а кога сопругата на Шумахер, Корина, има потреба да и се обрати на јавноста тоа го прави преку портпаролката Забине Кем.

Она што е познато е дека откако беше отпуштен од болницата во Франција, Шумахер беше префрлен во својот дом што се наоѓа во близина на Женева.

Еден од ретките луѓе што влегува таму е Жан Тод.

„Секако дека нашето пријателство не може да биде исто како некогаш. Не можеме да комуницираме како порано“, рекол Тод и дополнил.

„Добро се грижат за него. Живее со семејството во куќа помеѓу Женева и Лозана и ја продолжува својата борба заедно со семејството. Мислам дека моите посети му помагаат поради позитивните мисли“, заклучил поранешниот шеф на Ферари.

Scroll to Top