Каталонскиот весник „Спорт“ објави вест дека Барселона сака да се ослободи од услугите на хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ.
„Беше битен дел од нашата екипа, но не знам дали ќе биде и понатаму оваа сезона“ рече тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде веднаш по завршувањето на пријателскиот натпревар против Челси кој шпанскиот првак го загуби со 1-2.
„Спорт“ пишува дека во Каталонија се помалку се тие кои сметаа дека Хрватот ќе остане во тимот, уште повеќе што Барса сега на средината на теренот ги има Артур и Френки де Јонг.
Ракитиќ пред неколку дена истакна дека сака да ја напушти Барселона, а за неговите услуги најзагреани се ПСЖ и Манчестер Јунајтед.