Бразилската тенисерка Беатрис Хадад Маиа (23), која минатиот месец го шокираше тенискиот свет кога како квалификантка во првото коло на Вимблдон ја исфрли екс-победничката на неофицијалното светско тениско прванство, Шпанката Гарбине Мугуруза – падна на допинг тест.
Кај Хадад Маиа, која е 99. на ВТА листата, бил пронајден забранен анаболик САРМ.
За нејзината суспензија на неодредено време беше јавено уште на 12 овој месец, а досега таа не поднесе жалба на одлуката.