Top Sport

Бетис не се шегува: По Фекир го носи и Милик од Наполи!

Реал Бетис минатата сезона играше добар фудбал под палката на тренерот Кике Сетијен, ја совладаа и Барселона на „Ноу Камп“, но им недостасуваше константност за чекор погоре на табелата – заврши на 10 позиција на табела.

Ова лето направија неколку интересни трансфери, во клубот дојде Набил Фекир од Лион за 20 милиони евра. Иако повеќе европски гиганти беа заинтересирани за Французинот, сепак тој реши да дојде во Бетис каде очигледно имаат добар проект.

Денеска локален весник обелодени дека Бетис постигнал договор со напаѓачот на Наполи, полскиот голгетер Аркадиуш Милик. Напаѓачот има 25 години, а во Неапол дојде од Ајакс пред 3 години за 35 милиони евра.

Минатата сезона на 47 меча постигна 20 гола, но сепак не сакаше да го продолжи договорот со Наполи.

Бетис сака Факир и Милик да бидат убиствен тандем во нападот, а останува да се види дали клубот ќе успее да ги задржи во своите редови и Џовани Ло Селсо и Жуниор Фирпа.

Scroll to Top