Аргентинскиот репрезентативец од Манчестер сити, Николас Отаменди, до крајот на преодниот рок би можел да ја засили екипата на Милан.
Челниците на Милан задолжени за трансфер-политиката, Звонимир Бобан и Паоло Малдини, од почетокот на преодниот рок се обидуваат да ја засилат последната линија на тимот.
Мети им беа Дејан Ловрен и Матија Настасиќ, но очигледно дека преговорите со нив не биле успешни. Според медиумите следна мета им е Отаменди. Цената на искусниот Аргентинец изнесува околу 30 милиони евра.
Отаменди е поранешен играч на Велес Сардтсфилд, Порто и Валенсија. Тој за сума од 44,6 милиони евра во 2015 година од Валенсија се пресели во Манчестер сити.