Фудбалскиот клуб Вулверхемптон е блиску до постигнување договор со Милан околу трансферот на напаѓачот Патри Кутроне.
Како што пренесуваат англиските медиуми, клубовите се договориле околу обесштетувањето, кое без бонусите треба да изнесува 18 милиони евра и наскоро трансферот треба да биде официјализиран.
Милан парите од овој трансфер и од трансферот на Андре Силва ќе ги инвестира во Анхел Кореа од Атлетико Мадрид.
Вулвс покрај Кутроне ќе се обидат да донесат уште еден напаѓач, наводно челниците на клубот преговарале со Атлетико Мадрид околу Диего Коста. Доколку биде реализиран тој трансфер би требало да изнесува околу 35 милиони евра.