Top Sport

„Рециклирани“ медали ќе се делат на ОИ во Токио 2020

Организаторите на Олимписките игри во Токио една година пред почетокот на Игрите открија како ќе изгледаат медалите што ќе ги добиваат најдобрите. Јапонците медалите ги направиле од рециклирани мобилни телефони.

Медалите се дизајнирани да изгледаат како измазнет камен, а организаторите тврдат дека овие медали се први што се направени од одржливи материјали во историјата на Олимписките игри.

На предната предната страна на медaлите е традиционалниот дизајн Божицата на победата, но од Игрите во Минхен во 1972 година, задната страна ја дизaјнира домаќинот.

Јапонците решиле нивниот дизајн да биде симбол на различностите, односно „да го претстави светот во кој им се оддава почит на луѓето што се натпреваруваат и вредно работат“.

Две гони Јапонците собирале мобилни телефони. Од вкупно собраните 6,2 милиони уреди биле извадени 32 килограми злато, 3,5 тони средбо и 2,2 тони бронза. Јапонците ќе направат 5.000 медали.

Scroll to Top