Колумбискиот велосипедист, Наиро Куинтана од екипата на Мовистар е победник на 18. етапа на овогодинешното издание на Тур д’Франс. Колумбиецот прв мина низ целта на патеката долга 208 километри од Ембрун до Валор, возејќи низ Алпите.
Сепак Французинот Жилијан Алафилип го задржа водството во генералниот пласман по 18 извозени трки.
Куинтана кој двапати, во 2013 и 2015 година завршува како второпласиран на Тур д’Франс повторно покажа дека е најдобар „искачувач“ меѓу велосипедистите. Тој целта ја мина со соло возење, цели 95 секунди пред второпласираниот домашен велосипедист Раман Бардет. Трет денешната етапа ја мина Казахстанецот Алексеј Лученкo со со 148 секунди задоцнување зад победникот.
Еве како изгледа генералниот пласман на три трки до крајот на Тур д’Франс:
1. Julian Alaphilippe 75:18:49
2. Egan Bernal (+1:30)
3. Geraint Thomas (+1:35)
4. Steven Kruijswijk (+1:47)
5. Thibaut Pinot (+1:50)
6. Emanuel Buchmann (+2:14)
7. Nairo Quintana (+3:54)
8. Mikel Landa (+4:54)
9. Rigoberto Uran (+5:33)
10. Alejandro Valverde (+5:58)