Германскиот сега веќе второлигаш Штутгарт е апсолутен победник во летниот преоден рок. „Швабите“ успеаја да продадат тројца дефанзивци за вкупно 62 милиони евра иако имаа очајна сезона во Бундеслигата.
Штутгарт прими дури 70 гола и испадна од елитното германско друштво, но затоа оствари одлична заработка од продажбата на одбранбените фудбалери.
Шампионот Баерн за 35 милиони евра го купи Французинот Бенџамин Павар. Озана Кабака за 15 милиони евра отиде во Шалке, додека Тим Баумгартл се пресели во ПСВ Ајндховен за 12 милиони евра.