Top Sport

Два гола на Карлес Перез, Барселона го победи Висел Кобе (Видео)

Фудбалерите на Барселона, во пријателски натпревар во Јапонија (Ракутен куп) забележаа победа над Висел Кобе 2-0 (0-0).

Прв пат во кариерата легендарниот Андрес Иниеста играше против клубот во кој се стекна светска слава и ги освои сите можни трофеи во фудбалот. Во стартната постава на Висел Кобе беше уште еден поранешен играч на Барселона, Давид Виља.

Со двајцата шпански ветерани во тимот, играчите на Висел Кобе во првиот дел неколку пати опасно се заканија кон голот на Барселона.

Во второто полувреме тренерите ги сменија речиси сите играчи на теренот, а во јунак се промовираше 21 годишниот напаѓач на Барселона, Карлес Перез.

Младиот напаѓач од „Б“ тимот на Барселона првиот гол го постигна во 59 минута, а истиот играч го постави конечниот резултат во 86 минута.

Барселона за една недела ќе игра против Арсенал, а потоа за противник ќе го има Наполи.

Scroll to Top