Top Sport

Клоп: Постојат 4 клуба во Европа кои прават се што ќе посакаат

Иако Ливерпул е шампион на Европа, сепак е далеку од финансиската моќ на некои други клубови. Ова го тврди стратегот на „црвените“, Германецот Јирген Клоп.

Тој смета дека Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ прават се што ќе посакаат.

Клоп нагласи и дека наведените 4 клубови балансираат на границата на фер-плајот.

„Не можам да зборувам за тоа што другите клубови прават и не знам како го прават тоа. Жал ми е, но секој би требало да ги плаќа своите сметки. Вложивме многу во оваа екипа, а сега излегува како ништо да не сме сториле. Ние не живееме во таа земја на фантазии каде можете да правите се што ќе посакате“ – изјави Клоп.


Тој во излагањето посочи конкретно на кого мисли.

„Постојат 4 клуба кои можат се што ќе посакаат. Тоа се Реал, Барса, ПСЖ и Сити. Што и да помислат, го остваруваат. Не можеме да се споредуваме со нив. Таква е ситуацијата. Знам дека некој ќе рече дека сум љубоморен, ама не е точно“ – смета Клоп.

Scroll to Top