Еуфорично навивачите на белгиски Андерлехт го дочекаа враќањето на Винсен Компани (33) во клубот откако Белгиецот доби функција играч-тренер. Сепак на дебито не се прослави.
Во првото коло од белгиското првенство тимот од Брисел на свој терен загуби со 1-2 од тимот на Остенде.
Компани сам себе се смести во почетната постава на Андерлехт, а навивачите му приредија дочек за паметење со огромен транспарент преку цела трибина.
Компани настапуваше за Андерлехт во периодот од 2003 до 2006 година.
Во 13 минута Андерлехт погоди за 1-0. Само 6 минути подоцна гостите израмнија на 1-1, а конечните 1-2 беа поставени во 75 минута.
Vincent Kompany's grand return to Anderlecht as he takes on his first league game as their player/manager.
[via @HLNinEngeland] pic.twitter.com/pyz85peYqN
— Superbia Proelia (@SuperbiaProeIia) July 28, 2019