Top Sport

Нов пораз на Ливерпул на пријателска со Наполи, без Елмас (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ељиф Елмас не беше во комбинација за денешниот пријателски дуел на неговиот нов тим Наполи против европскиот шампион Ливерпул во Единбург. Елмас остана во Италија, не отпатува во Единбург на соочување со европскиот првак.

Ливерпул, пак, без првите ѕвезди во составот повторно доживеа пораз во подготвителниот период, овојпат со 3-0, полувремето заврши со 2-0.

Пулените на тренерот Карло Анчелоти уште во првиот дел со головите на Лоренцо Инсиње и Аркадиуш Милик го разнишаа фаворизираниот противник, а конечните 3-0 во вториот дел беа дело на Јунес.

Во подготовките за новата сезона тренерот на „црвените“ Јирген Клоп не може да смета на услугите на Бразилците Алисон и Фирмињо кои летово имаа настапи на Копа Америка, додека Мане и Салах се натпреваруваа во африканскиот Куп на конфедерации.

Scroll to Top