Грузискиот тенисер, Николоз Базилашвили вторпат по ред го освојува трофејот на АТП тенискиот турнир од серијата 500 во германскиот град Хамбург. Во финалниот меч Грузиецот со 2-1 (7-5 4-6 6-3) го совлада Русинот Андреј Рубљов по повеќе од двочасовна борба.
Наградниот фонд на турнирот во Хамбург кој се игра на земјена подлога е 855.000 евра.
Ова е третата титула во кариерата на 27-годишниот грузиски тенисер кој моментно се наоѓа на 16 позиција на АТП листата.