Top Sport

Марко Ројс по вторпат прогласен за играч на годината во Германија

Германија го одбра својот најдобар фудбалер за оваа година. Големото признание, вторпат во кариерата оди за Марко Ројс, играчот на Борусија Дортмунд.

Тој претходно истото признание го доби во 2012 година.

Капитенот на „милионерите“ го освои првото место според гласовите на новинарите освојувјќи 158 од можни 540 гласа.

Ројс со Борусија до последното коло се бореше за шампионската титула во Бундеслигата. За 36 меча во најквалитетното германско друштво постигна 21 гол, а имаше и 13 асистенции.

На второто место според бројот на гласовите заврши Каи Хавертс од Баер Леверкузен со 121 глас, а трет заврши Џошуа Кимих од Баерн Минхен со 35 гласа.

Интересно е што Ројс и споменатата 2012 година беше прогласен за најдобар играч во Германија и тоа со Борусија, но Менхенгладбах.

Scroll to Top