Откако им пропадна трансферот на Герет Бејл, челниците на Џиангс Сунинг, експресно реагираа и потпишаа договор со искусниот хрватски фудбалер Иван Сантини.
За трансферот на Сантини, кинескиот клуб, издвоил пет милиони евра. Сантини (30) последните две сезони ги мина во Андерлехт, минатата сезона тој постигнал 16 гола.
Хрватот ќе биде петтиот странец во тимот што го предводи Романецот Козмин Контра. Соиграчи на Сантини ќе му бидат Миранда, Габриел палета, Алекс Тешеира Едер.
Според правилата на кинеската Супер лига на теренот можат да бидат само тројца странски фудбалери.
Трансферот на Сантини може да се нарече и како трета среќа за Џиангсу, бидејќи пред Бејл трансфер во овој клуб одбил и напаѓачот на Црвена ѕвезда, Милан Павков.