Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Франк Ривери се наоѓа пред трансфер во Ајнтрахт Франкфурт.
Рибери по 12 години го напушти Баерн, но се уште нема клуб, иако интерес за неговите услуги има. Риберии ја одбил понудата од Монако поради ривалството кое овој клуб го има со Марсеј, а искусниот играч е поранешен играч на Олимпик.
Денес се појави информацијата дека тој ќе остане во Бундес лигата. Ајнтрахт се интересирани за него.
Ајнтрахт бараат засилувања во нападот откако од клубот заминаа Лука Јовиќ и Себастијан Алер.
„Билд“ тврди дека Рибери бил заинтересиран за понудата и дека наскоро ќе падне договор помеѓу двете страни.