По Италијанецот Даниеле де Роси, во Буенос Аирес би можело да пристигне уште едно големо засилување за Бока Јуниорс.
Спортскиот директор на клубот, Николас Бурдисо имал телефонски разговор со францискиот голгетер, Пјер Андре Жињак и му ставил до знаење дека сак да го види во редовите на Бока.
Жињак веќе 4 години настапува за мексикански Тигрес каде дојде од Марсеј како слободен играч. Со Тигрес Жињак двапати беше најдобар стрелец во мексиканското првенство, а во својата прва сезона беше избран за најдобар играч. Три години во низа со клубот станува шампион на Мексико.
Проблем би можело да претставува тоа што Жињак пред 6 месеци го продолжи договорот со Тигреес на уште две години.