Top Sport

Италијански тенисер спаси 8 меч топки за победа во Кицбил (видео)

Италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего (56-ти на АТП листата) го победи Аргентинецот Федерико Делбонис (63-ти на АТП) со 2-1 во сетови (7-6 6-7 7-6) во првото коло на АТП-тенискиот турнир што се игра во Кицбил.

Интересното е што Италијанецот до победата стигна по 3 часа и 36 минути игра во која спаси неверојатни 8 меч топки.
Делбонис во првиот сет водеше со 4-0 и 5-3, но до сет топка не дојде.

Во вториот сет во тај-брејк се избори за продолжување на двобојот, а во третиот сет при водство од 5-4 Аргентинецот имаше дури 4 меч топ. Сепак Сонего се спаси.

По два гема, повторно на сервис на Италијанецот, Делбонис имаше уште 4 прилики да се пласира во второто коло, но не успеа.

Противник на Италијанецот во второто коло ќе му биде Шпанецот Роберто Карбалес Баена.

Scroll to Top