Top Sport

Кога некој ќе им ‘земе мерка’ Американците ќе се мотивираат за СП

Францускиот кошаркар Еван Фурние смета дека Американците нема да покажуваат интерес за светските првенства сè додека некој не им „земе мерка“. Ова изјава доаѓа по „епидемијата од откази“ во репрезентацијата на САД. Поканата од селекторот Грег Поповиќ не ја прифатиле 11 кошаркари, поради што тој дополнително повика шест кошаркари.

„Што би рекол на оваа тема? Тие секогаш ја уништуваат конкуренцијата. каква мотивација имаат да дојдат на Светско првенство? Зошто би им било гајле? Сè додека некој не им „земе мерка“ тие нема да бидат мотивирани“, рекол кошаркарот на Орландо Меџик и дополнил.

„Би било убаво некој да им го земе тронот. Сепак без оглед на тоа што доаѓаат без главните ѕвезди Американците имаат силен тим“.

Франција на СП во Кина ќе игра во Г-групата против Доминиканска република, Германија и Јордан, додека ривали на Американците во Е-групата ќе им бидат Турција, Чешка и Јапонија.

Scroll to Top