Шкотскиот тенисер, Енди Мареј се врати на тенисеот во конкуренција на парови, а на Мастерсот во американски Синсинати ќе игра во двојки со брат му Џејми. Сепак тој ја разгледува и опцијата да настапи во сингл.
„Во најдобар случај – тоа би било во Синсинати. Ако не играм тка, постои можност да чекам по Њујорк затоа што не сакам првиот турнир да ми биде на три добиени сета“ – изјавил Мареј за „ББС“.
Турнирот во Синсинати започнува на 11 идниот месец. Од враќањето на терените Мареј го освои турнирот во Квинс во двојки заедно со Шпанецот Фелисијано Лопез, а моментно настапува со брат му на турнир во Вашингтон.
На Вимблдон заедно со Серена Вилијамс играше до третото коло во мешани парови.
„Поголем дел од времето тренирам индивидуално, а се натпреварувам во парови, па ќе видиме а некоја недела што ќе се случи. Што се однесува на тоа како се движам, јас сум среќен како станувам секој ден после тренинг. Мислам дека сум многу близу“ – вели Мареј.