Top Sport

Дојава за бомба во автомобилите на Меси и Суарез – полициски кучиња на помош

Полицијата имаше работа утринава на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона откако добија дојава дека има поставено бомба во автомобилите на фудбалерите на Барселона, Лионел Меси и Луис Луарез.

Полициски кучиња ги претресуваа автомобилите, но за среќа, дојавата била лажна. Шпански „Мундо Депортиво“ објави видео од претресувањето.

Автомобилите на двајцата фудбалери беа паркирани во близина на аеродромот во Барселона, а двајцата соиграчи се вратија во Каталонија од заедничко летување на Ибица со семејствата.

Двајцата фудбалери на Ибица се дружеа со Цеск Фабрегас и Жорди Алба.

Суарез треба да се појави во клубот утре, а Меси тоа треба да го нашрави најдоцна до крајот на неделава.

Scroll to Top