Нико Ковач со една своја невнимателна изјава можеше да ги наруши односите помеѓу Баерн Минхен и Манчестер сити. Тој не ја криел својата увереност дека Лиреј Сане ќе пристигне во Минхен.
Оваа изјава не им „легна“ на Англичаните и Пеп Гвардиола, поради што на сцена стапи претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
„Не ми се допаѓа таа изјава. Во добри односи сме со Сити, нашиот поранешен тренер Гвардиола е таму. Такви изјави не можат да ни помогнат“, рекол Румениге за ЗДФ.
Пред два дена Ковач го коментирал евентуалниот трансфер на Лирој Сане.
„Нашите челници се ангажирани во овој случај. Убеден сум дека ќе го донесеме Сане“, рекол хрватскиот тренер.
Откако ја увидел грешката и ги разбрал критиките упатени на негова сметка Ковач решил јавно да се извини.
„Разговарав со Гвардиола му се извинив. Упатив извинување и до клубот, ќе морам да бидам внимателен кога одговарам на прашања“, рекол Ковач по вчерашниот меч против Фенербахче.