Top Sport

Малком во Зенит за 40 милиони евра

Барселона успеа да продаде еден од играчите на чии услуги тренерот Ернесто Валверде не сметаше за новата сезона. Каталонците со Зенит го договориле трансферот на Малком за 40 милиони евра.

Малком минатото лето направи сензационален трансфер во Барселона, откако во последен момент го смени мислењето и ја „извиси“ Рома. На „Ноу Камп“ тој ен оправда ниту едн цент што клубот го вложи во него.

Барса максимално профитираше од трансферот бидејќи за речиси истата сума го донесоа лани Малком од Бордо. Бразилецот во Санкт Петербург ќе заработува шест милиони годишно.

Според медиумите Барса траба да продаде уште двајца играчи за да може да го донесе Нејмар.Понуди за Фелипе Кутињо нема, додека за Иван Ракитиќ интерес покажале два тима, по еден од Англија и Италија.

Можно е заминувањето и на Самуел Умтити за околу 50 милиони евра, но само Манчестер Јунајтед не го реализираат трансферот на Хари Мегваер.

Инаку, Пари Сен Жермен, за Нејмар бараат 180 милиони евра.

Scroll to Top