Жан Тод, поранешниот шеф на Михаел Шумахер во Ферари, рекол дека славниот Германец добро закрепнува во својот дом во Швајцарија.
„Секогаш сум внимателен кога треба да давам вакви оценки, но вистина е гледав трка со Шумахер во неговиот дом во Швајцарија. Михаел е во добри раце, добро се грижат за него. Не се откажува, продолжува да се бори“, рекол Тод.
Првиот човек на ФИА бил тажен бидејќи тешко комуницира со својот голем пријател.
„Неговото семејство се бори исто така. Секако дека пријателството не може да ни биде исто како некогаш, не можеме да комуницираме како порано“.
За крај Тод порачал дека позитивните мисли му помагаат на Шумахер.
Седумкратниот шампион во Формула 1 пред пет и пол години доживеа серизна повреда на главата на скијање во француските Алпи.