Top Sport

„Специјалниот“ се враќа во Ла Лига?

Трофејниот португалски тренер Жозе Мурињо од декември е без работа кога доби отказ во Манчестер Јунајтед. Изминатите неколку месеци тој одбил неколку понуди за работа, а сега се најавува неговото враќање во Шпанија.

Медиумите на Пиринеите пишуваат дека хаотичната состојба во Валенсија му оди во прилог на Мурињо и дека тој ќе биде новиот тренер на тимот од „Месталја“.

Работите во Валенсија ескалирале откако сопственикот Петер Лим побарал да има поголеми овластувања. Кога во првата година имаше такви овластувања Лим не се прослави, навивачите на Валенсија паметат кога за тренер го донесе Гери Невил, а потоа и поразот во Купот на Кралот од Барселона со 7-0.

Доколку Лим ја оствари својата замисла, а на добар пат е да го направи тоа, тогаш директорите Матеу Алемани и Пабло Лонгорија најавиле дека ќе поднесат оставки, а невниот пример ќе го следел ин тренерот Марселино.

Инаку овие тројца се најзаслужни што Валенсија успеа да се врати во врвот на шпанскиот фудбал. Минатата сезона Валенсија ја заврши на четвртото место и ќе игра во Лигата на шампионите.

Петер Лим е пријател со супер-менаџерот Жорж Мендеш кој треба да го донесе својот клиент Жозе Мурињо на „Месталја“.

Мурињо работел во Шпанија во два мандати, најпрвин како помошник тренер во Барселона (1996-2000), а потоа бил тренер на Реал (2010-2013).

Scroll to Top