Фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед редовите ќе ги засили со Алан Сен-Максимини од Ница. Според англиските медиуми за трансферот „страчките“ ќе издвојат 16,5 милиони фунти.
Сен-Максимини (22) ги договорил личните услови и со Њукасл ќе потпише пет годишен договор.
За Ница поранешниот играч на младата репрезентација на Франција од 2017 година одиграл 67 натпревари и постигнал 11 гола.
Сен-Максимини ќе биде второто засилување за новиот менаџер на Њукасл, Стив Брус. Претходно за сума од 40 милиони фунти Њукасл го донесоа Бразилецот Жоелингтон од Хофенхајм.