Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, изразил надеж дека Нејмар и следната сезона ќе му биде соиграч. Мпабе проговорил и за својата изјава дека „бил подготвен да преземе поголема улога во ПСЖ или на некое друго место“.
„Тааизјава отвори многу врати. Никој не можеше да знае за што зборувам. Јас знаев, знаеше тренерот и претседателот на клубот. Не беше време и место за таква изјава. Тоа го изјавив на доделувањето на наградите за најдобрите во минатата сезона. Жалам што на останатите играчи им ја расипав забавата. Работеа напорно цела година, а јас им го украдов шоуто, на негативен начин“, рекол Мабапе и дополнил.
Мбапе и наредната сезона ќе игра за ПСЖ, меѓутоа иднината на Нејмар е неизвесна. Тој бара трансфер, поточно сака да се врати во Барселона.
„Не сакам да си замине. Сакам да остане овде. Му го кажав тоа. Знае каква е ситуацијата и какво е моето мислење. Нашиот однос е заснован на взаемна почит. Многу го ценам“.