Top Sport

Го скрши мразот, прва пол-позиција за Ферстапен

Макс Ферстапен, во кариерата има седум победи во Формула 1, а во саботата успеа да ја освои својата прв пол-позиција во кариерата. Тој ќе стартува прв на утрешната трка за Големата награда на Унгарија.

Холанѓанецот квалификациите ги заврши пред возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Ферстапен (1:14.572 минути) имаше подобро време од Ботас за 18 илјадити делови од секундата. Хамилтон имаше послабо време за 197 илјадити делови од сезоната.

Зад најбрзите тројца се пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Трката за Големата награда на Унгарија в недела ќе започне во 15.10 минути.

Scroll to Top