Дани Алвеш изненади со изборот на новиот клуб. По 17 години реши да се врати во Бразил и да потпише две годишен договор со Сао Паоло. Алвеш денеска доби друштво од Мадрид во ликот на поранешниот играч на Алтетико Мадрид, Хуанфран Торес.
Искусниот Шпанец стана слободен играч откако му заврши договорот со Атлетико. Хуанфран потпишал едногодишен договор со Сао Паоло.
34 годишникот е продукт на школата на реал Мадрид, но таму никогаш не добил шанса. Во Ла Лига играл за Еспањол, Осасуна и Атлетико Мадрид.
#LaCasaDeJuan pic.twitter.com/paaFlkDS2x
— São Paulo FC (de ?) (@SaoPauloFC) August 3, 2019