„Да сум на место на Ван де Бек, со велосипед ќе одам во Мадрид. Дони ќе потпише за Реал Мадрид“ – вели легендарниот холандски фудбалер, Рафаел Ван дер Варт.
Шпанските медиуми вчера ојавија дека трансферот е речиси готов и дека преостанува само двата клуба да се договорат околу отштетата за 22-годишниот фудбалер од средниот ред.
„Имаа лоша претсезона (Реал Мадрид) и навивачите очекуваат засилувања. Ќе има свои минути, но конкуренцијата во Реал е голема. Неговата ситуација во однос на Ајакс доста ќе се промени, но со своите капацитети добро ќе се вклопи во играта на Реал“ – изјави за „АС“ Ван дер Варт.
Младиот холандски репрезентативец одигра сјајно минатата сезона за Ајакс. На 57 меча постигна 17 гола и имаше 13 асистенции, а со своите игри го привлече вниманието на големите европски клубови.
„Мислам дека Дони заслужува да оди таму и дека има голема шанса за успех. Тој е нормално, мирно момче, многу ќе го сакаат“ – заклучува екс-фудбалерот.