Top Sport

Трајковски ќе го засили новиот шпански прволигаш, Мајорка?

Италијанска „Газета дело Спорт“, поточно новинарот на овој медиум, Николо Шира на својот Твитер профил објави дека македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајкоски ќе ја напушти Италија. Сега веќе екс-членот на Палермо, според пишувањата на италијанскиот новинар, ќе се пресели во Шпанија, во новиот прволигаш, тимот на Мајорка.
L’ex #Palermo Aleksandar #Trajkovski verso il #Mallorca: ricco triennale per l’attaccante macedone. #calciomercato
— Nicolò Schira (@NicoSchira) August 4, 2019
Непотврдените информации се дека Трајковски ќе заработува по 650.000 евра годишна плата, а наводно ќе потпише тригодишен договор со Мајорка.

Доколку се реализира овој трансфер, тогаш Трајковски ќе биде вториот Македонец во Примера, по Енис Барди кој настапува за Леванте.

Минатата сезона дел од првата шпанска лига беше и репрезентативниот голман, Столе Димитриевски, но неговиот Рајо Валјекано се пресели во Секунда.

Инаку Трајковски освен за Палермо, во кариерата настапуваше и за Зулте Варегем и за Мехелен во Белгија.

За македонската сениорска фудбалска репрепрезентацијата има одирано 49 мечеви со постигнати 15 голови.

Scroll to Top