Кошаркарските репрезентативци на Македонија до 18 години не успеа да ја реализираат шансата да се искачат место погоре, во А дивизијата.
Тие по вчерашниот полуфинален пораз од Израел на ЕП во Орадеа, Романија, денеска го загубија и натпреварот за третото место од селекцијата на Чешка, со 89:80.
Младите кошаркари ја „разгалија“ домашната публика со одличните игри и резултати што ги прикажуваа на ЕП, Б-дивизија се додека не стигнаа до полуфиналето. Тука со два порази во низа остана неискористена шансата за пласман на скалило погоре.
На денешниот меч против Чешка нашите имаа егал во три четвртини од мечот, но во третиот период противниците направија +12 што потоа беа тешко надоместливи.
Најефикасен во македонската селекција беше Марко Миловановиќ со 24 поени, а Лука Савичевиќ и Андреј Јакимовски постигаа по 17.