Екипата во која настапува капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров – француски Нант е освојувач на Шпаркасен купот во Германија, одигран во градот Ехинген.
Францускиот тим одигра одлично на целиот турнир, а во финалниот меч против Фуксе Берлин, Нант славеше со резултат 26-23.
Лазаров имаше значаен придонес во победата, постигна 8 гола.
Претходно, Нант ги победи Есбјерг и Штутгарт. Францускиот тим по рекорден четвртипат го освојува престижниот турнир.