Top Sport

Реал најголем „потрошувач“, изненадувачки многу трошат Астон Вила и Волвс

Прелазниот рок во фудбалска Европа трае повеќе од еден месец, а во некои земји наскоро ќе заврши. Во Премиерлигата преодниот рок завршува на 8 август.

Досега на трансфери се потрешоне милијарда евра. Според „Трансфермаркт“, најголем промет се одвивал во Шпанија, каде само три „капиталци“ потрошија 800 милиони евра, а заработија повеќе од 500.

Изненадувачки на врвот на листата е Англија каде меѓу бројните богати клубови најмногу потроши „малата“ Астон Вила, дури 149 милиони евра. Следува Арсенал, а на третото место е уште еден неочекуван потрошувач – Вувверхемптон со 97 милиони евра.

Во Италија Јувентус потроши најмногу, 152 милиони евра, но и најмногу заработи, 137 милиони. Сепак таму уште не е се завршено, се чека разврската на релација Дибала – Лукаку.

Во Франција без изненадувања, ПСЖ троши најмногу, а Лион и Лил се двата клуба – најголеми продавачи. Лил заработи 150, а Лион 133 милиони евра.

Според податоците, на врвот на листата со клубови од пеете најсилни европски лиги најголем потрошувач е Реал Мадрид (303 милиони евра), па следуваат Барселона (237 милиони евра), Атлетико Мадрид (244 милиони евра), Јувентус (152) милиони евра и Астон Вила (149 милиони евра).

Листата со најголеми продавачи ја предводи Атлетико (311 милиони евра), Лил (150 милиони евра), Барселона (146 милиони евра), Јувентус (137 милиони евра) и Лион со 133 милиони евра.

Scroll to Top