По освојувањето на првата титула во сезоната, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги наброја ривалите за трофејот од Премиер лигата во 2019/20 и меѓу нив ги вклучи и градските ривали Манчестер јунајтед.
Сити се фаворити за трета титула едноподруго откако во неделата на пенали ги совладаа Ливерпул во Комјунити шилд (англискиот суперкуп), и иако многумина сметаат дека Ливерпул се нивните најсериозни (и единствени) конкуренти, Гвардиола не мисли така, посочувајќи ги и Јунајтед, Тотенхем и Арсенал како засилени тимови.
„Мислам дека Манчестер јунајтед со Хери Мегвајр и со другите засилувања, заедно со Арсенал, Челси и Тотенхем се конкуренти за титулата. Секако, Ливерпул, како европски шампиони ќе бидат нашите најголеми ривали, но за трофејот има многу конкуренти“, вели Гвардиола.