Top Sport

Кирјос го крена трофејот во Вашингтон

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос ги надмина проблемите со грчевите во грбот за да го победи Русинот Данил Медведев со 7:6(6)/7:6(4) за да го освои трофејот од Сити опен во Вашингтон.

За Австралиецот ова е шеста АТП титула во меч во кој не се соочи со ниту еден брејк-поен и во кој погоди 18 аса, вклучувајќи ги последните два поени. Кирјос се врати од 4:1 негатива во тај-брејкот во првиот сет по што побара медицинска помош. Русинот не дозволи Кирјос да освојува поени на негов сервис, и освои 80 отсто од поените на свој сервис, но Кирјос беше потрпелив во тај-брејкот.

Кинеската тенисерка Женг Саисаи, пак, ја освои својата прва ВТА титула на Силикон Вели класик турнирот, откако со 6:3/7:6(3) ја победи Белорусинката Арина Сабаленка.

„Пред пет години тука победи во својот прв ВТА меч, а сега ја освојувам својата прва титула. Секогаш ќе се сеќавам на овој турнир“, изјави Женг.

Scroll to Top