Top Sport

Чешкиот „џин“, Јан Весели ќе го пропушти Мундобаскетот во Кина

Кошаркарот на турски Фенербахче, центарот на чешката кошаркарска репрезентација, Јан Весели ќе го пропушти Светското првенство во Кина. Кошаркарот ќе го пропушти дебитантскиот настап на својата селекција на еден Мундијал поради повредата на коленото.

Чешка е во многу тешка група на СП, заедно со САД, Турција и Јапонија.

epa05308924 Jan Vesely (R) and Bogdan Bogdanovic of Fenerbahce Istanbul react during the Euroleague Final Four final basketball match between Fenerbahce Istanbul and CSKA Moscow at Mercedes-Benz Arena in Berlin, Germany, 15 May, 2016. EPA/SOEREN STACHE

„За жал, нема да играм на Светското првенство. Здравјето е најважно. Морам да ја залечам повредата на коленото, така да нема да можам да се подготвам за СП. Му се радував на Мундобаскетот, но здравствените проблеми не ми дозволија да и се приклучам на репреентацијата“ – изјави Весели.

Светското првенство е на програмата од 31 август до 15 септември.

Scroll to Top