Top Sport

Провокација или превид – за САД, Србија не е фаворит на Мундобаскетот

Иако кошаркарската селекција на Србија играше во финалните мечеви на сите големи турнири во последните 5 години, сепак познатиот спортски новинар на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст направи анализа за Мундобаскетот во Кина, а Србија воопшто не ја ни спомена.

Дали се работи за превид или, пак, за провокација останува непознато.

Според неговото мислење, момците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ не се закана за селекцијата на САД. Виндхорст смета дека закана за Американците претставува Грција со Јанис Адетокумбо, Шпанија со Марк Гасол, со Рики Рубио и Серхио Љуљ, потоа Канада со Џемал Мареј, Кори Џозеф и Сеј Гилџес Александер.

Новинарот додаде и дека Словенија предводена од Лука Дончиќ, како актуелен Европски првак нема ниту да учествува на Мундобаскетот.

Како главна предност на САД, Виндхорст ја смета бековската линија со Кајл Лаури и Кемба Вокер, но не помалку битни се и Харисон Брнс, Крис Мидлтон и Донован Мичел.

Тој е уверен дека САД повторно ќе биде на „покривот на светот“.

Scroll to Top