Top Sport

Фетел им порача на новинарите да си го исчистат ѓубрето

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел е човек кој е безмилосен на патеката, но на Унгарското ГП овој викенд покажа дека секогаш размислува и за околината.

Според „Билд цајтунг“, Фетел кога одговарал на прашањата по третото место на трката во Хунгароринг, забележал дека околу патеката има многу расфрлани пластични шишиња, по што се обратил до новинарите.

„Ве молам земете си ги вашите шишиња со вода и не оставајте ѓубре тука. Вчера забележав дека сите само го оставаат ѓубрето и тоа навистина ме нервира“, им порачал Фетел.

Дел од новинарите го сфатиле Фетел сериозно и почнале да го раскреваат ѓубрето.

Scroll to Top