Стотина навивачи на Сао Пауло му приредија херојски пречек на Дани Алвеш на аеродромот Конгоњас, откако ветеранот се врати во бразилскиот клуб како слободен фудбалер.
Алвеш, кој до јули беше фудбалер на Пари Сен-Жермен, потпиша договор со бразилскиот клуб до крајот на СП во 2022 во Катар. 36-годишниот ветеран и поранешен фудбалер на Барселона и Јувентус беше капитен на бразилската репрезентација која ова лето ја освои титулата од Копа Америка и беше прогласен за фудбалер на турнирот.
Сао Пауло се на петтото место во бразилскиот шампионат по 12 кола, осум поени зад лидерите Сантос.
Dani Alves arrived at Sao Paulo airport and it was wild pic.twitter.com/kO0wWlGngb
— Oh My Goal (@OhMyGoalUS) August 6, 2019
When you sign one one of the world’s best ever defenders….
The scenes in Sao Paolo to welcome Dani Alves were pretty crazy. (? Dani Alves) pic.twitter.com/sTX8wNQKiz
— Match of the Day (@BBCMOTD) August 6, 2019