Top Sport

Џошуа ќе мора да боксува со Руиз на „неутрален“ терен

Ентони Џошуа потврди дека неговиот ри-меч против Мексиканецот Енди Руиз Јуниор нема да се оддржи во Велика Британија, откако шампионот побара да се оди на „неутрален“ терен.

Руиз Јуниор сензационално го нокаутираше Британецот Џошуа во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во јуни, но во нивниот договор има клаузула за задолжителен ри-меч, иако локацијата не утврдена. 29-годишниот Џошуа се надеваше за договор за дуел на стадионот во Кардиф, но сега признава дека ќе мора да боксува на друго место.

„Тој не ги одредува сите услови, но тоа е во ред, не ми пречи да боксувам во Америка. Би сакал ри-мечот да е во Кардиф, но тој ќе биде на неутрален терен. Руиз е шампионот и тој ќе реши каде ќе добие ќотек. Но, сакам да се заврши работата пред Нова Година за да ги вратам титулите. И да боксувам во Тихуана, а неговиот чичко да биде судија ќе го искршам, така што не е многу важно“, вели Џошуа.

Scroll to Top