Фудбалерите на белградска Црвена Звезда не успеаја вечерва да го совладаат дански Копенхаген на домашен терен и да ја продолжат низата на одличните игри во квалификациите за Лигата на шампионите.
„Црвено-белите“ одиграа 1-1 пред преполниот стадион „Рајко Митиќ“ во Белград. Домашните фудбалери имаа 90-минутна поддршка од популарните „Делии“, но сепак поголемиот дел од нив на крајот разочарани го напуштија стадионот.
Стрелец на водечкиот гол, помалку среќно беше Милан Павков пред крајот на првото полувреме.
Копенхаген не претставуваше голема закана за домашниот гол и практично од првиот удар во рамките на голот, гостите израмнија на 1-1 во 83 минута од мечот. Стрелец за данската екипа беше Жонас Винг, од пенал.
Во Белгија, Бриж успеа со минимални 1-0 да слави против тврдиот тим на Динамо Киев, а стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ванекан во 37. минута.
Реваншите на двата денешни дуели се за 7 дена.