Top Sport

ЛШ: Динамо на Аријан Адеми во Загреб одигра 1-1 со Ференцварош (видео)

Во првиот меч од третото коло во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони, загребски Динамо на „Максимир“ пред нешто повеќе од 14.000 гледачи одигра нерешено 1-1 со првакот на Унгарија, Ференцварош.

„Модрите“ тргнаа силно кон голот на гостите уште од самиот почеток, а најдобриот поединец во домашната екипа, Шпанецот Дани Олмо донесе водство во 7 минута. Асистент на голот беше македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми кој со капитенската лента на раката ги одигра сите 90 минути за Динамо.

https://tiger.cdnja.co/v/ak/aKea.mp4?secure=xVd7I8VlvZD_7b8y1GtZNw&expires=1565130600
Гостите од Унгарија во првиот дел не направија ниту една шанса за гол, па на одмор со отиде со 1-0.

И во вториот дел Динамо беше поконкретен, имаше и удар во пречката, но безуспешно.

Казната стигна во 59 минута. Сигер зафати една одбиена топка од домашниот голман, па иако Лешковиќ ја исфрли топката уште пред да дојде до мрежата, судијата покажа дека ја поминала гол линијата и Ференцварош израмни на 1-1.

Scroll to Top