Бразилските обвинители потврдија дека ќе се откажат од случајот за наводно силување против фудбалската мега-ѕвезда Нејмар, ставајќи крај на еден од најбизарните судски случаи против фудбалерот на Пари Сен-Жермен.
Поранешниот бразилски капитен беше обвинет дека силувал бразилски модел во неговата хотелска соба во Париз, но тој тврди дека средбата била консезуална и покажа снимка на која се гледа како жената која го обвинува го удира него. Обвинителите не можеа да најдат докази дека се случило силување.
„Имаше љубовна врска, а во ниту еден момент не се докажа дека има насилство во сексуалниот чин“, изјави обвинителката Естефанија Паулин.
Семејството Нејмар е задоволно од завршницата и таткото на фудбалерот, Нејмар Сениор на социјалните мрежи објави долга порака.
„Уште еден одлучувачки чекор за крај на овој кошмар кој го живеевме овие месеци. Сине, да осигураме дека животот продолжува, секогаш со крената глава, мирно срце и мир на невините“, напиша Нејмар Сениор.
Нејмар уште е под истрага за тоа дали направил криминал со објавувањето на интимните фотографии и видеа.
Се појави снимка од „обидот за силување“ на Нејмар, некој го мести? (видео)